Овој проект, поддржан од Европската Унија, ќе овозможи поддршка на Агенцијата за државни службеници (АДС) и пошироко на државната служба, во градење на капацитетите за управување со човечки ресурси како и управување и координација на обуки. Ваквата работа ќе осигура капацитет за организација и достава на обуки кои соодветствуваат со потребите на модерната и прогресивна државна служба. Овој проект исто така ќе ја оспособи АДС да ги имплементира приоритетите определени со Националниот систем за координација на професионалниот развој и обука на државните службеници.
